Захариев: Сите прегледи за лекарско уверение за возач во Штип ќе се вршат во Здравствениот дом

Редица гужва, нервозни граѓани кои чекаат да завршат со вадењето лекарско уверени во Штип. Ваква е сликата на терен бидејќи за еден лекарски преглед идните возачи мора да посетуваат приватна ординација, да чекаат ред, да губат време. Сите прегледи се вршат во здравствениот дом Панче Караѓозов освен еден. Во претходниот период недостасуваше лекар специалист, вели новиот директор на КБ Штип, Владко Захариев и затоа праксата била таква. Но посочува дека во разговори со директорот на Здравствениот дом се преземаат напори овој проблем во Штип да се реши со што нема да се губи дополнително време за вадење лекарско уверение.

„Точно дека на крај имало една специјалнот што се одело во приватна ординација. Тоа било така бидејќи во Здравствениот дом немало лекар. Лекарот е скоро специјализиран и од наредниот или понаредниот месец тој преглед да се врши во здравствениот дом. Тие средства да одат од државно во државно.Ќе има промени, нема да се оди во приватна установа, ќе се оди во Здравствениот дом. Самите пациенти, или баратели на лекарско уверние ќе го добиваат во истата зграда, нема да имат потреба да одат на друго место “ – вели Захариев.

Здравствениот преглед на кандидатите за возачи и возачите се врши по правило во ист ден, согласно правилникот на Министерството за здравство. Прегледот се врши од страна на комисија составена од: лекар специјалист по медицина на трудот или специјалист по општа медицина, специјалист по невропсихијатрија или психијатрија и неврологија, специјалист по офталмологија, специјалист по оториниларингологија и психолог (во натамошниот текст:комисија). По правило прегледот започнува кај лекарот специјалист по медицина на трудот или лекарот специјалист за општа медицина, а завршува со преглед кај психологот. Ако при задравствениот преглед комисијата од ставот 2 на овој член се посомнева дека кандидатот за возач или возачот боледува од некоја болест која ја нарушува неговата здравствена и психофизичка способност, а со тоа ја загрозува и безбедноста на јавниот сообраќај, кандидатот се упатува на преглед до соодветен лекар специјалист.

Лаура Стојанова М-Нет