Концертот „Звукот на еден глас“, Виолета Арсовска ќе го одржи утре во штипскиот Безистен

Силни емоции и чувства преку македонските народни песни, утре Арсовска ќе го одржи својот солистички концерт „Звукот на еден глас“ на сцена во штипскиот Безистен со почеток од 20 часот. Проектот на Виолета Арсовска со својот соработник Трајче Роглев е дел од програмата на штипско културно лето, а утрешниот концерт ќе се одвива во два дела.

„Со колегата Трајче Роглев подготвивме интересна програма која што за штипјани ќе биде многу интересна бидејќи станува збор за концерт во два дела. Во привот дел е еден убав подарок за мене и за публиката, а тоа се македонските народни изворни песни кои што сите ги знаме и ги пееме, исполнувани во едно ново руво во класична оперска изведба.“ – изјави Арсовска

„Со маки сум се родила“,„ Дафино вино црвено“, „Море сокол пие“ се дел од песните со кои Арсовска ќе настапи на сцената. Децидна дека треба да си ги негуваме нашите убави македoнски песни и постојано да се изведуваат на сцена. На утрешниот концерт како гостин ќе настапи и младидиот надежен хармоникаш Драган Костадинов. Пробите за концертот траеле околу месец дена, од кој последните две недели се посветиле на секојдневни проби.

„Овој проект со колегата Роглев многу одамна го имавме како замисла и подготвуваме уште македонски народни песни. За штипско културно лето се подготвуваме отприлика еден месец, последните две недели поактивно, секојдневно со проби. Ова нека биде прилика за нашите штипјани да повелат на интересн концерт утревечер среда во 20 часот во галерија Безистен.“ – додава Арсовска

Арсовска упатува јавна покана до сите штипјани да повелат и да го проследат концертот утре во Безистенот. Децидна дека сета идеја и замисла за концертот ќе ја исполни утре.

Лаура Стојанова, М-Нет