
Во тек е 17 Европско фудбалско првенство кое се одржува еднаш на секои четири години во организација на Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА). Кочани е епицентарот на фудбалското случување. Љубителите на фудбалот насекаде ја шират својата еуфорија околку тоа кој е нивниот фаворит. Постојат различни мислења и предвидувања кој би можел да биде победник. Засега е јасно дека многумина навиваат за Англија.
“Англија е фаворит наш, мислам дека ќе победи. Супер мислам дека почесто треба да има ваква организација да биде поинтересно за младите и за нас.“
„Воопшто немаме фаворит само уживам си. Организација супер, кафулињата супер“
Освен љубители на фудбалот, доаѓаат и луѓе кои доаѓаат да уживаат. Велат дека е убаво што има ваква организација. Децидни се дека токму ваквите настани треба да станат се почеста појава во иднина. Сите фанови сплотени на едно место.
Домаќин на турнирот е Германија а истото ќе трае до 14 јули 2024 година. Првенството се игра на десет стадиони во десет градови домаќини. Областа со најголем број локации на Евро 2024 ќе биде метрополитанскиот регион Рајна-Рур во покраината Северна Рајна-Вестфалија, со четири од десетте градови домаќини (Дортмунд, Дизелдорф, Гелзенкирхен и Келн).
Лаура Стојанова, М-Нет