
Вкупно 16 натпреварувачи од Македонија, Србија и Бугарија учествуваат на овогодинешниот Меѓународен шаховски турнир за лица со оштетен вид. Натпреварите започнуваат со почеток од 10:00 часот во студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ во Штип. Вчера беше и свеченото отворање на турнирот. Овие турнири се организраат се со цел слепите лица да ја почувствуваат и позитивната страна на животот.
„Имаме вкупно 16 натпреварувачи. Првите три пласирани ќе добијат награди, како и најдобро пласираната женска шахистка. Овој турнир го организираме во соработка и финансиска поддршка на Локалната самоуправа на град Штип, Советот и градоначалникот на општина Штип. Ние во Штип правиме повеќе активности со цел да ги извадиме од дома слепите лица за да видат да ги мотивираме дека животот не е само онаа негатива туку и позитивна страна.“ посочи Витанов
Градоначалникот Иван Јорданов се надева дека се почесто ќе се организираат вакви настани каде Локалната самоуправа континурано ќе ја пружи несебичната поддршка на лицата со оштетен вид.
„Обврска на Локалната самоуправа е да помага да сорабтува со сите здруженија вклучувајќи го и Здружението на лица со оштетен вид. Ова е само една причина повеќе за да бидеме во комуникација и во соработка и се надевам дека еве преку поддршката која што како Локална самоуправа ја даваме на здружението организирајќи одредени настани“ посочи Јорданов
Во Бугарија на државниот турнир натпреварувачите се поделени во две групи, а вкунпата бројка изнесува 100 луѓе, посочи Љубомир Петков Иванов
„Пример за нашиот државен турнир таму сме поделени на две групи А и Б. Околу А плус Б група се околу 60 луѓе заедно со придружувачите достигнуваат до 100 луѓе . Се учествува во програми и финасирањето е многу добро. Единствената забелешка можеби е тоа што турнирот е многу краток во времетраење од три до четири дена.„ вели Петков Иванов
Ранко Вуковиќ посочи дека шахот за него претставува игра која го исполнува и токму во овој спорт бариерите се најмали и не го спречуваат да игра понатаму
“Во шахот тие бариери се најмали кој еден човек би можел да ги има поради видот. Шахот е игра која ја разбива конбинаториката, едноставно сакам да играм шах, тоа е нешто што ме исполнува. Предрасудите од околината наспроти лицата со инвалидитет се големи но јас се трудам преку работа да тие предрасуди ги разбијам.“ посочи Вуковиќ
Учесниците велат дека предрасудите од страна на околината се големи и дека не се доволно прифатени. Но, тие секојдневно вложуваат труд докажувајќи дека токму овие бариери можат да ги надминат. А ваквите настани всушност сведочат за нивната љубов кон шахот и желбата за натпреварување.
Лаура Стојанова, М-Нет