
Ракометарката Марија Анчева е убедливо најдобар стрелец во женската Суперлига со постигнати 345 погодоци во однос на Ивона Трпевска од Вардар која има 195 погодоци што значи дека штипјанката има 150 погодоци повеќе во однос вториот стрелец на листата.
Анчева постојано ги тресе мрежите на противниците, таа е „моторот“ на Астибо, клуб за кој таа настапувано, но се поставува прашањето, зошто Марија Анчева не добива репрезентативен повик?
Анчева која беше гостинка во спортскиот магазин Трибина на телевизија М Нет рече дека е подготвена за да одговори на репрезентативниот предизвик, а прашањето зошто не добива репрезентативен повик го остава да го одговори селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски.
Анчева неколку сезони по ред е најдобар стрелец, а нејзината цел е со Астибо да обезбеди излез во Европа.
Во новата сезона Астибо има високи цели односно обезбедување на место во плеј-офот и борба за излез во Европа.
Александар Ванев, М-Нет