
Борачот на БК Балканецот од Штип, Леон Манов пристигнаво Аман, Јордан каде ќе настапи на Светското првенство за кадети У-17.
Манов ќе настапи во категоријата 45 килограми, а во првата борба ќе се сретне со Амирабас Алиакбар Рамезанибазармахалех од Иран.
Останатите борачи на БК Балканец од Штип успешно продолжуваат со подготовките на планината Осогово. Целта на подготовките е подобрување на физичката подоготвка како и темпирање на формата за Балканското првенство и останатите Меѓународни турнири кои борачите на БК Балканец Штип ги очекуваат во следниот период.
Александар Ванев, М-Нет