
Екипите од Првата футсал лига го креват гласот во однос на тоа бидејќи не добиваат субвенции од министерството за спорт, велат дека не им се познати причините зошто не добиле финансиски средства, осум екипи од Првата футсал лига со потпис и печат испратија заедничко соопштението до министерството за спорт и до ФФМ.
Осумте клубови од Првата футсал лига кои имаат ставено потпис и печат на соопшението се Бутел, Железарец, Кеги Моби, Црна Река, Клими, Проект, Осогово и Шкупи.
Како што се вели во соопштението на два клубови од Првата лига и на еден од Втората лига им биле исплатени субвецнии, додека пак за останатите клубови нема.
„Од прегледот на сајтот за јавни финансии можеме да видиме дека на два клуба од првата лига и еден од втората футсал лига им се исплатени субвенции а останатите клубови изоставени.“
Клубовите бараат средба со министерот за спорт, Борко Ристовски, но дополнително бараат и во најкраток рок да им бидат исплатени субвенции од минатогодишниот циклус.
„Бараме итна средба со вас за разјаснување на оваа недоразбирање. Бараме во најкраток рок да бидеме исплатени за минатогодишниот циклус на субвенционирање каде беа опфатени само неколку клуба, за да можеме да ги стартуваме подготовките за следната полусезона. Доколку до почеток на втората полусезона која започнува на 4. февруари не се разjасат и расчистат недоразбирањата, ние клубовите од првата футсал лига одлучивме да не го продолжиме натпреварувањето во претстојната полусезона, ќе ги известиме медиумите и запознаеме јавноста, како и органот на натпреварување во ФФМ, а размислуваме и тоа да ги стопираме нашите фудбалери – репрезентативни за претстојниот циклус квалификации на крајот на јануари против Португалија.“
Одговори побаравме и од министерството за спорт, но до емитувањето на прилогот во дневникот на М Нет телевизија одговор не добивме од страна на министерството за спорт.
Во Првата футсал лига на Македонија се натпреваруваат десет екипи, а во Втората лига се вкупно 13 екипи.
Александар Ванев, М-Нет