
Потпишан меморандум за соработка меѓу штипската библиотека „Гоце Делчев“ и библиотеката „Антоније Попвич“ во Трговиште, Република Србија. Настанот се реализираше во склоп со свечената академија по повод празникот Свети Сава. Меморандум се потпиша и со библиотеката „Христо Ботев“ од Болисевград. Директорот на штипската библиотека, Драган Горгиев потенцираше дека ова е со цел да се продлабочи соработката меѓу овие три библиотеки. И директорката на библиотеката во Србија задоволна од активностите на терен, бидејќи се гради мост за идна соработка без граници меѓу посочените библиотеки.