
Од денеска ставен во употреба новиот кол центар на ЈП Исар. Проблеми со дефекти, собирање на смет, пријава за кабаст отпад и слично граѓаните ќе може да го пријавуваат на унифицираниот телефонски број. Граѓаните ќе добијат повратен одговор, повикот ќе биде снимен, а екипи на ЈП Исар веднаш ќе излезат на терен доколку има потреба за решавање на проблемот.
„На телефонскиот број 032 609 555 граѓаните ќе можат да ги пријавуваат дефектите и нашите служби автоматски и нашите оператори ќе добиваат работен налог и ќе постапат по извршување на истите работни задачи. Морам да напоменам дека заради квалитетот на разговорот и услугите разговорите ќе бидат снимени – вели Арсовски.
24 часа на ден ќе функционира кол центарот на ЈП Исар. Тоа значи дека во било кој период од денот да се случи дефект или граѓаните да имаат проблем ќе бидат услужени. Во случај на поголем дефект и поголем број повици граѓаните ќе бидат извесетени дека екипи се веќе на терен.
„Овој кол центар ќе биде на располагање 24 часа дневно. Доколку има поголем дефект или дефект за кој ќе се јавуваат поголем број на граѓани во исто време ова софтверско решение го овозможува тоа. Овозмеожени се голем број на повици кои можат да се остварат “ – додава Арсовски.
Оваа инвестиција на ЈП Исар е помалку од 60 илјади денари. Службите веќе се обучени за работа со кол центаро и нема да има потреба од ангажирање на нови лица во ЈП Исар.
Лаура Стојанова М-Нет