
В.д. директорот на средното медицинско училиште во Штип е противзаконски повторно назначен за в.д.директор, а нема доволен број стекнати кредити за директор и е со најмал степен на образование, обвинија денеска на прес конференција од ОО на СДСМ Штип. Од таму велат дека во калкулациите на ВМРО ДПМНЕ и Јорданов страдаат учениците во средните и основни училишта.
„Во средното текстилно училиште и во ЕМУЦ мандатите на вршители на должност директор си продолжија дупло повеќе од пропишаниот период од шест месеца. Скандало е најголем за средното медицинско училиште каде не само што против законски е назначена истата личност за в.д. директор во два наврати, туку и таа личност го нема соодветното образование за да директорува кога било и каде било. Дали пулените од ДПМНЕ во недостаток ан соодветен кадар назначиле за в.д. директор лице со недоволен број на стекнати кредити, немање ни најмал степен на образование што треба да го има лице кое сака да биде директор на средно училиште. Се поставува прашањето како ова училиште функционира во услов на нерегуларно поставени вршители на должност имајќи ги во предвид обврските и надлежностите на директорот во плати на вработените и слично“ – велат од СДСМ.

СДС продолжува со лажни прес конференции и со невистини да ја манипулира јавноста, вратија и денеска на прес конференцијата од Општнина Штип.
„Впрочем и не очекуваме ништо друго од партијата која ја уништи Македонија и Штип, партија која е симбол за беззаконие и криминал. Токму лицето кое ги изнесе овие невистини на прес-конференцијата е несоодветно назначен за директор на институција под Централната власт“ – вратија од Општина Штип.
Со писмен одговор на прес конференцијата реагираше и директорката на средното медицинско училиште, Марија Николиќ. Бара од СДСМ преку медиумите јавно извинување за искажаните лаги и клевети.
„Исто така на лицата од СДС кои ја држеа прес-конференцијата и кои се „расфрлаа“ со изјави за несоодветноста, некомпетентноста на моето образование и „немање на најмал степен“ на образование, би сакала јавно да им порачам дека пред да искажат вакви лаги, клевети и невистини, треба да го прочитаат Законот за средно образование во кој според член 91 (став 2) за директор на средно училиште според општите услови лицето треба да има Високо образование, пет години работно искуство во воспитно-образовна установа, положен испит за директор и соодветен сертификат за познавање на англиски јазик. За информација на јавноста изјавувам дека имам завршено Високо образование, стекнати 240 кредити, помината обука за испит на директор.“ – вели Николиќ.
Во оваа прилика таа истакна дека за законските регулативи во образованието и за наставниот кадар надлежни неколку институции и соодветноста на нејзиното образвоние е проверено од нивна страна.
Лаура Стојанова М-Нет