
Со изведба на 15 експерименти наставниците од петто до девето одделени во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани беа дел од проектот “Искуствено учење за животната средина и климатските промени“. Целта на настанот е наставниците подобро да се запознаат со животната средина и климатските промени, како и подигање на свеста кај учениците од најмали нозе за зачувување на животната средина. Денешните експерименти наставниците може да ги применуваат и во понатамошните предавања.
„Обуката е во рамки на проектот „Искуствено учење за животната средина и климатските промени“ за наставниците по природни науки. Целта на проектот е што повеќе наставници да се опфатат и да се потттикнат да изведуваат искуствено учење со цел да се подигне свеста кај децата од најмала возраст за заштита на животната средина и на климатските промени. Во рамки на оваа обука ќе се изведат околу 15 експерименти кои понатаму наставниците ќе може да ги применууваат во секојдневната настава со своите ученици“ – вели Стојанова.
Проектот започна во јануари и се спроведува во сите училишта во речиси сите региони во држават. До сега се обучени над 60 наставници од петто до девето одделение.
„Ние работиме на имплементација на проектот, опфаќаме наставници од петто до девето одделение кои предаваат природни науки. Во рамки на проектот се направија две обуки во кои обучивме 60 наставници од цела Македонија, од сите региони кои имаа за цел таа обука да ја дисиминираат на три други училишта.“ – додава Ангелковска.
Денешните експерименти се прифатливи за наставниците бидејќи може понатаму да ги користат на часовите со учениците.
Лаура Стојанова М-Нет