
Гран при наградата за преставата „Момчето со пругасти пижами“ – со ова заврши 61. издание на ДАФ во Кочани. Кочанчани, но и останатите граѓани имаат можност да уживаат во низа театарски престави кои беа изведени на сцената во Домот за култура „Бели мугри“. Претседателот на комисијата е задоволен од текот на фестивалот. Вели дека кочанската публика знае да препознае добра престава, со што и наградите завршиле во вистински раце.
„Мислам дека направивме многу убав фестивал и по публиката се виде дека наградите отидоа во вистински раце. Отсекогаш кочанската публика знаела да оцени, да препознае добра престава и според мене мислам дека отсекогаш била расадник на таленти.“ – вели Ристевски.
Минатото никогаш не и простува на сегашноста – е главната порака на преставата „Момчето со пругаст пижами“ која ја доби Гран при наградата. Режисерот Владимир Јовановски задоволен од кочанската публика и од одржувањето на ДАФ, па честа да се настапи е повеќе од голема.

„Јас од 1997година доаѓам на ДАФ, сум еден од староседелците на ДАФ. Летечката таетарска трупа со своите 17 години постење е исто така редовен учесник на ДАФ. Со наградите Гранд при и најдобра режија ние го заокружуваме нашето патешествие и го достигнуваме врвот и потврдата на нашата работа. Театарот има за улога да ги смири вознемирените и да ги вознемити смирените.“ – вели Јовановски.
Поздрав до сите учесници, како и честитки до добитниците на награди упати и градоначалникот Љупчо Папазов. На овогодинешното издание на ДАФ се прикажаа 16 престави од Македонија и Србија, но ниту една од Кочани.
Лаура Стојанова М-Нет