Градскиот камерен хор Астибо од Штип се закити со сребрен медал во Бијељина во Босна и Херцеговина

По оддржаниот 23 музички фестивал насловен како „Мајски музички свечености“ во Бијељина во Босна и Херцеговина, градскиот камерен хор Астибо од Штип беше награден со сребрен медал за категоријата камерни хорови. Хорот Астибо се претставил со 3 песни., а на натпреварот зеле учество 40 хорови.

„Нашиот хор, градски камерен хор Астибо Штип освои сребреба медаља на 23 хорски феситвал во Бијељина, Република Србија во Босна и Херцеговина. Учествуваа 40 хора и се претставивме со 3 песни и секако успешно освоиме сребрена медаља.„ изјави Шуманска

За прв пат после долги години, од страна на хорот Астибо од Штип била изведена и и светската премиера насловена како „Брегалничка рапсодија„ од штипјанецот Славко Нетков, која била изведена во 1930 година.

„Дваесет и третото издание на „Мајски музички свечености„ во Бијељина, Република Српска, Босна и Херцеговина се одржа од 10 до 12 мај годинава и градски камерен хор „Астибо„ од Штип беше промотор на македонската музика. Во категорија камерни хорови добивме сребрен медал, исполнивме химна на Св. Климент Охридски од Кирил Македонски. Светска премиера „Брегалничка рапсодија“ на штипјанецот Славко Нетков и хумореска од Живко Фирфов изјави Ѓургевиќ Јанков

Хорот ги одржува своите проби два пати неделно во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Во оваа прилика ги поканија сите заинтересирани граѓни да им се придружат и да станат дел од градскиот хор.

„ Пробите ги одржуваме два пати неделно од 18 до 20 часот во Домот на културата и еве ги покнануваме сите љубители на хорското пеење да ни се придружат и да станат наши пријатели, другари и хорски пеачи.„ посочи Шуманска

Во периодот кој следи најавија настапи на повеќе фестивали и тоа во манастирот Лешок во Тетово, потоа Паралија, Делчево и Бугарија

„Настап на фестивал во Тетово, поточно во манастирот Лешок тоа е фестивал на православна црковна музика и настапуваме со такви песни. После тоа имаме фестивал во Паралија, целовечерен настап во Делчево, потова во Бугарија. Ги покануваме сите љубители на хорсктата музика да ни се придружат и да ја осетат убавината на дружењето и пеењето.

Во првата половна на месец октомври е планирано да се одржи Астибо фестивал, седми по ред меѓународен фестивал на камерни хорови, во времетраење од два дена.

Лаура Стојанова, М-Нет