
Во спомен и почит кон прерано починатите борачи на Балканец традиционално во Штип се одржува турнирот „Трофеј штипски боречки асови“ на млади борачи од 8 до 15 години. Боречкиот клуб Балканец е технички организатор на оваа боречка ревија со помош на локалната самоуправа на град Штип и Боречката федерација на Македонија. На овој респектабилен турнир ќе настапат борачи од регистрираните македонски клубови, потоа борачи од Србија, Грција, Косово и Бугарија. Организаторот предвидува добар настап на сите борачи кои ќе бидат поделени во 11 категории во машка конкуренција и 4 категории за во женска конкуренција. Турнирот ќе се одржи во спортската сала „Јордан Мијалков“ во сабота 11 декември 2021 г. со почеток во 11.00 часот, додека пак цвечениот церемонијал на отварање ќе се изврши во 14.00 часот.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk