ДПС „Лисец“ од Штип на свечен начин ќе го прослави Светскиот ден на планините

ДПС „Лисец“ традиционално свечено го одбележува Светскиот ден на планините со заедничка дружба, размена на искуства, промоција на нова програма и сето тоа зачинето со доделување на награди и признанија на најзаслужните. Претседателот на ДПС „Лисец“ Александар Санев“ задолжително ќе ги информира сите членови со извештај за оствареното и реализираното во 2021 година, која сите едногласно ја оценуваат како исклучително добра со многубројни акции и патешествија по планинските висови на Плачковица и пошироко низ Македонија и Балканот. Со почитување на сите мерки за Ковид 19 свечената прослава ќе се одржи во ресторанот „Астибо Плаза“ во Штип во сабота 11 декември 2021 g. со почеток во 19.00 часот.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk