Среде оргомниот скандал со „Алта банка“, судството кое е под целосна контрола на Христијан Мицкоски го ослободува Боки 13, реагираат од СДСМ.
„Во Србија истрага за „Алта банка“, кривични пријави, приведен сопственик, стечај. А во Македонија нема истрага, нема кривични пријави за Мицкоски и Славевски.
Трајко Славевски вели „се е во ред“. Народот не може да дојде до своите пари, чека во редици во неизвесност само затоа што се штитат криминалните пари“.
На Мицкоски, додаваат од СДСМ, му треба некој за нови напади, нови дискредитации, нова црна кампања, нов дефокус.
„ЗНАМ е потрошен и веќе не постои, сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0 не даваат резултат, разобличена е пропагандата на медиумите на Вучиќ и Орбан кои работат за Мицкоски.
Затоа е пуштен Боки 13. На Мицкоски му е потребен нов мегафон.
На криминалната банда на власт треба да им биде јасно дека ниту дефокус со Боки 13, ниту сателитите, ниту целата пропагандна машинерија нема да го спасат Мицкоски од одговорност.
Бандата ќе одговара“.
Текстот СДСМ: Среде криминалниот скандал со „Алта банка“, судството под контрола на Мицкоски го ослободува Боки 13 е превземен од МАКФАКС.