
Одличните игри во Академија Постолов Пандев а сега и во Брегалница беше повод селекторот на Македонија У – 16 Вујадин Станојковиќ да ги повика и да им укаже поверение на Јован Постолов и Андреј Велков во престстојниот камп кој ќе се одвива во периодот од 13 до 19 декември во Кичево. Цели 8 години тие тренираа и играа Јован во нападот а Андреј во одбраната на Акедемија Постолов Пандев за да сега ги бранат боите на Брегалница. Уште еден играч со своите игри го привлече вниманието кај нашите селектори така да и Матеј Ѓоргиев е повикан во селекцијата на Македонија У – 18 кои ќе бидат на подготовки во Охрид од 13 до 18 декември.





Што се однесува до натпреварувачкиот дел координаторот Борче Постолов нагласи дека селекциите на Брегалница одиграа средби со Ренова. Во Тетово Кадетите одиграа нерешено 2:2 а стрелци на головите беа Оливер Тодоров и Марио Аџиев. Младинците пак победија со резултат 4:1 со головите на Јован Дојчинов 2 , Благој Хаџи – Кимов и Марио Митев по 1. Пионерите пак победија со резултат 4:0 а стрелци на головите беа Филип Миташев 2, Марио Аџиев и Благој Хаџи – Кимов по 1, додека помладите пионери победија со резултат 3:0 а стрелци на головите беа Јован Постолов 2 и Дарјан Тасев 1. Во следниот викенд ќе се одигра последното есенско коло против селекциите на Скопје.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk