Гостивар ги започна подготовките со осум нови засилувања

Есенскиот првак во Втората македонска фудбалска лига екипата на Гостивар ги започна подготовките за пролетната полусезона со осум нови засилувања.

Целта на Гостивар ќе биде да го сочува првото место во пролетниот дел и да обезбеди директен пласман во Првата македонска фудбалска лига.

Гостивар за пролетниот дел се засили со Симеон Христов од директниот конкурент Вардар, како и со Андреј Кировски, Рушту Јонус, Фахрудин Ѓурѓевиќ, Фисник Зука, Гордијан Христовски, Астрит Амази и Реџан Абази.

Главната фаза од подготовките Гостивар ќе ја одработи во Анталија.

Во трката за првите две места кои директно водат во Прва лига влегуваат Гостивар, Воска Спорт, Вардар, Пелистер, а од сенка ќе напаѓаат и Детонит Плачковица и Охрид. Колку за потсетување, само третото место води во бараж за влез во Првата лига.