Никола Ристески си замина од Вардар и го засили Силекс

Силекс го промовираше Никола Ристески како најново засилување за до крајот на актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига.

26-годишниот дефанзивец го напушти Вардар и кариерата ја продолжува во Прва лига во дресот на кратовскиот прволигаш. Ристески, покрај за Вардар, насташуваше и за Ренова, Работнички, Борец, Кит Го од Пехчево, Еуромилк и Кожуф.

Инаку, Вардар повторно ги живее најтешките денови во својата историја, заминувањето на играчи од „црвено-црните“ продолжува, а сè уште не е јасно со каков тим Вардар ќе ја започне пролетната полусезона во Втората македонска фудбалска лига.