
Горан Пандев поднесе оставка од функцијата претседател во ФК АП Брера Струмица, откако беше назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.
Пандев е основач на клубот, а со превземањето од страна на Брера Холдинг, Пандев беше поставен на функцијата претседател.
„Од секогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап“, кажа Пандев кој веќе не е претседател на ФК Брера Струмица.
Пандев сега ќе ја врши функцијата директор на македонските фудбалски репрезентации.
Александар Ванев, М-Нет