Предновогодишна нова хуманитарна бајка кај фамилија Давиткови во нас. Три чешми

Нов комплетно опремен дом ќе добие семејството Давиткови во приградската нас. Три чешми. На само два дена пред вселувањето, од хуманитарната организација, велат дека пред нова година ќе се овозможи да се всели шест члено семејство во нов, безбеден и топол дом. Со три соби, нов тоалет, претсобје, ова семејство в петок ќе ја отклучи вратата на нивниот нов дом, кој ќе претставува ново светло во животот.

“Нашата хуманитарна организација Подај рака спаси живот пред месец ипол дена почна еден сериозен хуманитарен захват во нас Три чешми, каде еве на два дена сме пред вселувањето на фамилија Давиткови во комплетно нов реновиран дом, каде предновогодишно ќе всеилме шест члено семејство во комплетно нов обновен реновиран дом. Внатре има три соби, ново веце и претсобје. Обезбедена е и 100 проценти материјал за фасада, но временските услови не ни дозволија да ја завршиме фасадата, но материјалот е обезбеден и е доставен до фамилија Давиткови внатрешно домот е комплетно реновиран со се ново внатре. Две детски соби, една трпезариска и ново обновено веце.“, вели Горгиевски

Нов мебел, нова кујна, спална и трепезарија, семејство Давиткови ќе имаат се и нема да имаат никакви обврски, освен да влезат со полна душа радост и насмевка на нивните лица.

“Во петок званично се вселуваат, ги примаат клучовите и се вселуваат во комплетно опремениот дом. За мене ова е чест што четири деца 2025 година ќе ја пречекаат во нов дом.“, додава Горгиевски

Во согласност со ситуацијата, средствата се обезбедени од хуманитарни граѓани, а она што е најважно е тоа дека се обезбедија соодветени услови за живот на семјество на кое и те како беа неопходни.

Лаура Стојанова, М-Нет