Во сашки Раздол отсечени неколку куќи поради излевање на реката

Најактуелно овие неколку дена се врнежите и опасностите од поплави реката која доаѓа од осоговието минува низ селото Саса има излезено од своето корито кај маалото Раздол што има одсечено неколку куќи и за да ја поминат водата треба да идат еден километар низводно за употреба на мостот кој се уште може да се користи.

Тука може да зафане таму таа куќа од таа страна и ако запишти тука може до таа донекаде да ојде у неа инаку тие од таму се одсечени не можат да поминат на оваа страна има друг мост доле одалечен еден километар. Водата е многу јака мести се мост штоако направија не е довршен да е се завршено немаше да има опсност и за куќите овде. Пато треба да се насипе повисоко за да не надоаѓа водата. Од овај мост што се тука одсечени има пет до шест кучи и во нив живеат околу десетина свет а има некои што доаѓаат од Каменица имат си тука викендици ама треба да биде проодно. Здравко Ивановски жител на маало раздол Саса

Големата количина на вода која наврна но и поради стримните падини кои што се покрај патот се создаваат нови сливови минуваат преку него и завршуваат како дополнителни притоки на постоечката река која веќе се излева на неколку места но тоа и допринесува за одровување на камења кои можат да се забележат на асфалтот, а и поради поголемата надморска висина како и што може да се забележи на самите видео снимки од нашата камера присуството на погуста малга за разлика од градот е очигледна и дополнително се отежнува патувањето.

Случуват се ама тоа е некаде кај се свлече дојдат позачистат малку екипите од македонија пат ретко поминуваат од овде, а дополнително се отежнува и со правењето на патот. Здравко Ивановски жител на маало раздол Саса

Веќе има најави за да врнежите полека преминуваат во снег на местата на 500 метри надморска висина.

Енос овде проблемите ќе бидат на планината е горе сега овде што е дожд таму е снег како што че се топи снегот особено напролет овде нема да се познава дека не тече ова сега е ништо во споредба со тоа што може да биде. Здравко Ивановски жител на маало раздол Саса

Ова се моменталните проблеми со кои се соочуваат жителите на сашки раздол не само тие сите граѓани кои патуваат имаат неретки средби со камења на патот на оние кои куќите се лоцирани во непосредна близина покрај речно корито водата може да надојде и во самите нив но ситуацијата е таква, а против времето не се може останува само да се надеваме дека сето ова ќе помине во најдобар ред и да нема или пак ако ги има штетите да бидат минимални.