
Пандемијата наречена ковид 19 си ги покажа свои заби и на спортски план пореметувајќи многу спортски настани и вистински спортски спектакли. Најновото доаѓа околу Светското Првенство во Ракомет кое денес започнува во Египет. Поради преголем број на заразени репрезентативци од ковид 19 на селекцијата на Чешка, дојде до нивно откажување од Светското Првенство по кое нашата репрезентација доби покана од Светската федерација за настап во Египет. Буквално следејќи ги настаните, нашите репрезентативци на тренинг ја примија радосната вест за нивно патување во Египет по кое и раководството на македонската ракометна федерација и играчите изразија благодарност за искажаната доверба како на светската така и на чешката ракометна федерација. Нашата селекција ќе биде во групата „ Г “заедно со Шведска, Египет и Чиле и веќе попладнево ќе патува за Египет а утре, четврток ќе го има првиот натпревар против Шведска. Веќе се одредени сите наши играчи во чиј состав овој пат ќе ги нема Дејан Манасков, Гоце Горгиевски и голманот Борко Ристевски. Затоа пак довербата на селекторот ја доби штипјанецот Мартин Поповски кој на позицијата десно крило ќе се менува со Ненад Костески. Како и да е, ова е уште едно признание kako за самиот Мартин Поповски , така и за штипскиот ракомет кој во континуитет продолжува со креирањето на одлични ракометари кои го красат дресот на Македонија.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk