Дом на млади Штип со богата културна програма за 2021 година

Игра улога во културниот живот на младите. Идеи и различни гледишта со современа програма. Дом на млади Штип  е култен центар кој овозможува на младите да сонуваат, да ги реализираат своите идеи и замисли. Да се биде во тек со современата програма за работа, сепак преставува голем предизвик во оваа глобална пандемија. Но, пред се здравјето на граѓаните е најважно, па затоа големиот јубилеј се поместува. Но, исто така со најава за нова трибина која ќе се реализира во јуни оваа година. Изјавува Горан Трајков Директор на Дом на млади Штип.

„Секогаш оваа институција ги прифаќала овие групи на луѓе, сме разменувале доста мислења. И сакаме ова да го прикажеме во поинакво светло. Да ги повикаме сите оние кои се главни виновници за поставување на оваа институција. И да направиме една мала трибина во јуни“. Изјавува Горан Трајков- Директор на Дом на млади Штип

Објектот за многу граѓани претставува спомен. Станува збор за стара градба, која со годините наназад придонесува со многу настани и манифестации. Секој со различен  настан и придонес. Па, колку е тешко да се одржува објектот?

„Голема е одговорноста. Дом на млади е на рамниште на Универзална сала во Скопје. Кои се случувале концерти, сите оние убави работи кои се случуваат контуинирано“.

Ситуацијата со Ковид-19 го обиколи светот, се одрази на многуте професии. Вклучувајќи ја и оваа. Со почитување на протоколот за заштита од Ковид-19 култните настани и манифестации беа одржани. Трајков вели дека, е задоволен што во време на глобална пандемија успеале да реализираат дел од предвидените проекти.

Надица Стојковска/ М Нет

Горан Христовски/ М Нет