Во петок и сабота ќе се одржи 36тото издание на „Макфест 2021“

Во петок и сабота ќе се одржи фестивалот на музика „Макфест 2021“ во Аква бела ресортот во Штип и ова ќе биде неговото 36то издание. Со многу изненадувања, враќање на гламурот и сјајот, со доста промени во организиацијата првиот човек на градот под Исарот, доктор Сашко Николов истакна дека шлагот во неговиот десет месечен мандат е токму Макфестот.

„Да го направиме Макфест да биде она што го паметиме, да го вратиме гламурот, сјајот и она старо уживање кое сите ние го паметиме. Поради ковид пандемијата одлучивме Макфестот оваа година повторно да биде на отворено во Аква бела ресортот во Штип“ – истакна Николов.

Првата вечер на 17 септември на Макфест ќе настапат 12 дебитанти кои ќе се претстават, а пет од нив поминуваат и во финале. Втората макфестова вечер финалето на 18 семптември ќе настапат вкупно 19 изведувачи. Победниците односно за прво, втор и трто место следуваат парични награди, а остануваат и традиционалните награди за најдобар аранжман, најдобар сценски настап, најдобар дебитант и најдобра интерпретација. Макфест е фестивал кој од 1986 година до денес се одржува секоја година, вклучувајќи ја и претходната во ковид пандемија.

„Што се однесува до програмата за оваа година повторно имаме за прв пат многу работи, за прв пат локациски, за прв пат нови водители, за прв пат имаме ваква форма каде што две вечери“ истакна уметничкиот директор.

Интересот за следење на макфестовите вечери е голем, а тоа го потврдија и организаторите со фактот дека само од медиумите од регионот и државата се потврдени до сега 40 акредитации. бројот на карти е ограничен бидејќи со корона пандемија ограничен е и бројот на посетители. Секој оној кој сака да го следи овој фестивал на музика во Штип треба да ги почитува мерките од Владата за спречување на ширење на корона вирусот. На крајот на денешната прес конференција преку ждрепка е одреден и редоследот по кој учесниците ќе настапуваат на Макфест. Со други збори ова треба да биде почетокот на крајот на пандемијата, истакна Николов.

Лаура Стојанова М-Нет