Тешко до такси возило во Штип, која е причината?

Се потешка е можност во Штип да се најде такси возило. Најдобрата можна ситуација е да се чека од 15 минути до половина час, за да бидете услужени со такси возило. Цената не е многу висока и едвај се егзистира со оваа професија, но за намалениот број на такси компании и возила, претседателот на здружение на таксисти, Глигор Арсов истакнува пет причини. Една од нив е и корона пандемијата која го зафати светот и која има негативен удел  во повеќе гранки и професии.

„Па јас би ги поделил на пет точки или пет поважни проблеми кои што ги имаме. Заради моменталната ситуација на немање на такси возила, на немање таксисти и луѓето чекат по 15 минути до пола час за такси возило прв проблем е ковид 19. Втора работа е старата законска регулатива, значи воземе по Закон од пред десет години, со тоа и цената е од пред десет години. Трета работа е миграцијата на луѓето особено на младите, значи немаме работна сила. Четврта работа би споменал немањето на јавни превози и како последна е сивата економија.“ – истакна Глигор Арсов, Претседател на здружение на таксисти „Такси 2003“

Алтернативни решенија нема многу посочи Глигор, додавајќи дека по изборите треба да се бараат конкретни решенија, како и промена на Законот и подзаконските акти и правилници.

Арсов додаде дека потребна е и поголема соработка со полицијата, бидејќи честа е сликата дивите таксисти да им го земаат лебот на лиценцираните такси возачи. Но, како што истакна тој сите промени се очекуваат по завршување на изборите.

Лаура Стојанова М-Нет