
Љуботен го освои Купот на Македонија во женска конкуренција, откако на Градскиот стадион во Велес со минимали 0:1 славеше над Каменица Саса во големото финале.
Херој на натпреварот е Александра Марковска која во 93. минута постигна гол директно од корнер за огромна радост на тимот од Тетово со што му освозможи на својот тим да ја освои Куп-титулата.
Израмнет натпревар со шанси и на двете страни, во финишот од мечот кога веќе и двете екипи ги губеа силите и кога сите мислеа дека 0:0 ќе биде конечниот исход во регуларниот дел, Марковска со гол од корнер изненади и приреди голем шок за противникот.
Актуелниот шампион на Македонија кој е пред одбрана на титулата, ја одбрани Куп-титулата со минимални 0:1, а со тоа е пред можноста за освојување на двојната титула, а со тоа успешно да ја заокружи и оваа сезона и да се фокусира на европските натпревари.
На три кола до крајот во Првата женска фудбалска лига, Љуботен е прв со 63 бодови, а Каменица Саса е втора со 62 бодови.
Александар Ванев, М-Нет