На првата детска трка во Штип – „Децата под исарот“ ќе трчаат 520 дечиња

Во недела ќе се одржи првата детска трка на која учество ќе земат околу 520 дечиња на возраст од 4 до 14 години.

Организаторот на оваа трка Кристијан Костов за телевизија М Нет истакна дека идејата за да се реализира овој спортски настан во Штип била подолг период, а оваа година истата ќе ја реализираат.

На оваа прва детска трка во Штип досега се имаат пријавено околу 520 дечиња, а старното место ќе биде дворното место од гимназијата „Славчо Стојменски“.

Целта како што вели организаторот за М Нет е трката да прерасне во трдиција и истата да се одржува и во иднина.

На првата детска трка во градот под Исарот, покрај деца од Штип учество ќе земаат дечиња и од други градови од Македонија.

Маршутата по која дечињата ќе трчат ќе биде целосно обезбедена од страна на полицијта, со што дечињата ќе може безбедно да трчат по истата.

Најкаратката стаза ќе биде 200 метри за најмалите учесници, додека пак стаза од 500 метри за најголемите.

Првата детска трка во Штип во организација на Фит Гим Кико ќе се одржи во недела, а ќе започне во 10 часот.

Александар Ванев, М-Нет