Последно коло: Куманово станува шампион, Шкендија Арачиново ќе се надева на „кикс“ за да изненади!

Во недела ќе се одиграат натпреварите од последното коло од Третата македонска фудбалска лига – Север со што ќе биде познат шампионот во овој регион кој ќе игра бараж за влез во Втората македонска фудбалска лига.

Куманово е лидер на табелата со 67 бодови на табелата и има бод повеќе од второпласираната Шкендија од Арачиново. Во последното коло Куманово ќе гостува кај екипата на Башкими Љуботен, а пак Шкендија од Арачиново ќе гостува кај Фортуна.

Куманово само со триумф може да стане шампион во Трета лига – Север и да игра бараж за Втората лига, а Шкендија Арачиново може да изненади ако триумфира над Фортуна, а притоа да се надева на „кикс“ на Куманово за да може да биде прва и со тоа да стане шампион.

Веќе се познати останатите шампиони во Третата лига, па така во Истокот шампион е Вардарски од Богданци, во Западот шампион е Велазерими од Кичево, во Југозапад шампион е Кораб од Дебар, а пак на Југот шампион е Борец од Велес.

Во недела ќе биде позната и екипата која од Втората лига ќе игра бараж за опстанок, па така, ќе ги имаме сите шест екипи кои ќе играат бараж за влез во Втората лига.

Александар Ванев, М-Нет