
Во спортски дух и со срце за Македонија, Душица Бреслиева остави силен впечаток на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), што се одржа во Скопје. Иако не успеа да стигне до медал, Бреслиева покажа како се бранат боите на својата земја.
Младата таеквондистка, која доаѓа и од успешна карате позадина, оствари две убедливи победи против претставнички од Норвешка и Украина. Во првиот меч ја совлада Матеа Јакобсен од Норвешка со 2:0, а потоа беше подобра и од Анастасија Хаиворонска од Украина со 2:1.
Во борбата за полуфинале, што ќе ѝ донесеше и историски медал за Македонија на ЕМОФ, Душица загуби од шпанската натпреварувачка Карла Сесар со 0:2. И покрај поразот, таа извојува значаен резултат, особено ако се земе предвид дека релативно кратко време се натпреварува во таеквондо.
Македонија останува без медал на овој ЕМОФ, но со спортисти како Душица Бреслиева – иднината изгледа ветувачки. Таа веќе покажа дека има храброст, техника и борбен дух што можат да донесат големи резултати во годините што следат.
Александар Ванев, М-Нет