
Штип денеска го слави Свети Гаврил Велички – Светогорец, познатиот штипјанец по многубројните чуда. Наречен уште и како чудотворец и свет отец, кој со голема љубов кон Христа цел живот се молел за луѓето. Вo 1963 тој го остава светот и светската служба и заминува со сиот свој живот да му служи единствено на Бога. Заминува на Света Гора Атонска.
Самиот негов подвиг да стигне пеш од Солун на Атон ја изразува неговата ревност и желба целиот свој живот му го предаде Христос. Во 1971 година се вратил од Света Гора, барајќи мир за да може постојано да Му се моли на Бог, променил неколку манастири: Пресвета Богородица – Матка, Пресвета Богородица – Побожје, Свети Димитриј – Марков Манастир, Свето Преображение – Зрзе, за во 1975 година трајно да се насели во манастирот Свети Гаврил Лесновски во Лесново – Брегалничка епархија, тогашна Злетовско-струмичка. Таму често знаел и со денови да се повлече од манастирот и да се насели во двете ближни пештери, каде што се подвизувал и неговиот истоименик свети Гаврил Лесновски. Верниците уште рано изутрина му одадоа почит, поклонувајќи се пред неговите мошти во самата црква.
И покрај многу строгиот пост и иако бил многу слаб, поседувал голема виталност и енергија. Бидејќи не сакал да се вози во автомобили, па затоа најчесто одел пеш. Одел многу брзо. Одел пеш од манастирот до Пробиштип, Злетово, па и до Штип, кој е оддалечен од Лесново околу четириесетина километри. Се зборува дека ангели му помагале полесно да ги совладува овие далечини.
Иван Митев, М-Нет