Штипјанецот Срџан Игнатовиќ со демант по пријавата на неговата вонбрачна поранешна партнерка

Штипјанецот Срџан Игнатовиќ веќе долго време има проблеми со поранешната партнерка од Штип, со која има и вонбрачно дете. Пред само два дена таа го пријавила во СВР Штип за тоа дека пред очите на нивното вонбрачно дете, добила закани од Игнатовиќ, заведувајќи го како поранешен партнер и додавајќи дека и била загрозена безбедноста. На ова денес Срџан револтирано реагира пред камерите на М-Нет телевизија. Тој вели дека пријавениот случај е целосно лажен и како што вели целата ситуација е обратно.

Срџан вели дека подолго време е оддалечен од поранешната партнерка. Како што рече ниту ја бара, ниту посакува, а нема ниту никаква забрана од страна на надлежните.

Инаку Игнатовиќ според неговата изјава живее надвор од државата, а во Македонија доага привремено. Тој единствено што бара од поранешната партнерка е да му дозволува да го гледа детето, право кое и тој го има.

Иван Митев, М-Нет