
Експресниот пат Кочани–Штип, делница која одамна го загуби епитетот „безбедна“, влегува под лупа на експерти. Универзитетски професори, инженери и сообраќајни аналитичари се собираат во Кочани на итен панел за да се побараат конкретни решенија – и технички и едукативни – за да се спречат несаканите случаи. Бројките зад оваа делница не се статистика, тие се човечки животи. Во краток временски период, несреќите се редат, повредените и загинатите се зголемуваат, а алармот одамна е вклучен. Експертите бараат вклучување на сите надлежни институции, итна реакција со мерки на терен, но и кампања за свест кај возачите. Затоа што – експресниот пат не е автопат. И токму тука лежи самиот проблем.
Oд Кочани, денес професори упратуваат посебен апел до возачите, да бидат внимателни и како што велат патот да не го користат како автопат. Апел упатија и до надлежните со цел да се намалат последиците.
Инаку дебатата која се одржа во Кочани според професорите и експертите ќе донесе решенија, кои ќе бидат испратени како препораки до надлежните, за да се превземат соодветни мекри.
Иван Митев, М-Нет