
Извидничкиот одред Штип започна камања за собирање донаторски средства за реконструкција и реновирање на објектот каде што сега се наоѓаат. Потребни се околу 15 илјади евра, но како што посочуваат од Еквинокс, помошта може да биде и од страна на фирми кои би донирале градежен или било каков материјал кој ќе биде од голема помош и поддршка за младите извидници.
„Оваа реконструкција опфаќа целосно покривање на ѕидовите кои се оштетени, нов вовдовод и електирчна струја, нови прозорци и врати, под и плафон.“ – вели Тошиќ.
Кампањатаа е со цел нивното извидничко домче да добие нов современ изглед и да биде место каде ќе растат многу нови генерации.
„За нас извидничкото домче, односно нашиот одред преставува дом и чувствуваме топлина кога сме заедно овде и се чувствуваме како едно големо семејство.“ – вели Манова.
Кампањата е под мотото „Потребни сте ни повеќе од било кога“.
Истата започна вчера, а линк за донациии е објавен на нивниот профил на социјалните мрежи. Додека ги соберат потребните средства, извидниците своите состаноци ги одржуваат каде можат. Велат, секоја донација без разлика дали е финансиска или во градежен матрејал ќе помогне, нивниот извиднички дом да стане пристојно место каде младите ќе растат, учат и се градат во добри личности.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет