ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ.
„Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот во заминување дека во Центар неговите „другари“ од СДС владеат повеќе од една деценија. За сè што се случува во општината, вклучително и повисоките цени на паркирањето за жителите, вината е кај кадрите на СДС“, изјави Филип Ѓорѓиев, секретар на ОК Центар.
Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ итно бара Советот уште на следната седница да му наложи на ПОЦ да го запре, како што рече, легалниот рекет кој го спроведува врз центарци, да го врати стариот ценовник и веднаш да престане да ја навредува интелигенцијата на центарци со оправданија дека „не било до нив“.
„Ако Герасимовски е навистина лажно убеден дека вината лежи на друго место, тогаш нека одговори, дали веќе не оди на состаноци во Општинскиот одбор на СДС Центар, бидејќи ја има изгубено поддршката и во сопствените редови, и нема како да им каже на членовите на Управниот одбор на ПОЦ, кои се членови патем на СДС, да донесат одлука за враќање на стариот ценовник. Начини да запре овој рекет врз центарци има, прашање е дали се има волја да се излезе во пресрет и да се одговори позитивно на реакциите на граѓаните. Центар и центарци заслужуваат многу подобар третман“, рече Ѓорѓиев.
Текстот Ѓорѓиев: ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ е превземен од МАКФАКС.