
Кикбокс клубот Гладијатор Фајт од Штип имаше неверојатни резултати овој викенд во Ниш, Србија, каде на силен меѓународен турнир направи вистинска „жетва“ на медали откако беа освоени десет медали од девет натпреварувачи.
Неверојатен блесок имаше младата Антонија Тасева која се натпреваруваше дури во три категории, а успеа да освои две злата и едно сребро – со што се потврдува нејзиниот талент, а сигурно е дека Тасева пред себе ќе има блескава и успешна кариера.
За Тасева ова е голем успех во еден викенд настап во три категори иво силна конкуренција.
Тренерот Шенол Асанов е задоволен од постигнатите резултати на неговите натпреварувачи, не го криеше своето задоволство пред камерата на М Нет телевизија и истакна дека со овие одлични резултати се затвара 2025 година, а потоа ќе се насочуваат кон нови предизвици односно државното првенство кое е закажано за февруари 2026 година.
Антонија Тасева имаше две злата и едно сребно, Баже Јанев златен медали како и Михаил Јанев, сребрени медали освоија Андреа Милошевска, Димитар Иванов, Максим Иванов, а пак бронзени медали освоија Леонтина Миткова и Петра Долдурова.
Ова е уште еден голем успех за Гладијатор Фајт, следува заслужен одмор и нови подготовки со фокус на државното првенство.
Александар Ванев, М-Нет