Штета од приватно лице остави дел од штипјани без вода, кој ќе ја плати штетата?

Дефект на цевка ги остави без вода граѓаните од улица Петти конгрес и Браќа Даневи во Штип. Дефектот на водоводната цевка настанал во текот на вчерашниот ден кога впрочем и граѓаните останале без вода. Според очевидци од местото на настанот приватно лице сакало да гради и дошло до оштетување на цевката. Од утринава екипи на ЈП Исар се на терен и работат на санорање на дефектот.

„Каде се скиците тие што поставувале, ова треба општината да даде скици каде и што е поставено“

На терен екипата на М-Нет телевизија се соочи со немил настан во кој не ни се дозволуваше да се снима на јавен простор, и тоа за настан на кој се поправаат водоводни цевки. Граѓаните кои беа присутни на местото на настанот прашауваат кој ќе ја сноси штетата за поправката на цевките и дали повторно парите ќе бидат од џебот на граѓаните.

Директорот на ЈП Исар, Трајче Здравков во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека дополнително ќе се утврди кој ја причинил штетата и потоа ќе се реагира.

„Да, има дефект на водводната цевка на таа локација. Ние како јавно претпријатие сме должни да го поправиме дефектот и да ги обезбедиме граѓаните со чиста вода за пиење. За тоа кој ја причинил штетата ќе утврдиме дополнително и истовремено доколку станува збор за приватно лице истото ќе плати за нашите активности. Со други зборови вакви дефекти нема да се препишаат на товат на грбот на граѓаните“ – кажа Здравков.

Дефекти на водоводни цевки има на неколку локации во Штип, но екипи на јавното претпријатие активно работат за решавање на ваквите проблеми и непречено водоснабдување за граѓаните.

Лаура Стојанова М-Нет