Жителите од населба Сењак 4 во Штип заборавени од надлежните

Граѓаните од населба Сењак 4 во Штип заборавени од надлежните. Пред камерите на М-Нет телевизија велат сами биле приморани да создаваат за да го разубават посторот во кој живеат. Сами си насадиле трева и цвеќиња, го уредиле просторот пред зградите, дури сами си направиле и летниковец во кој одмораат и се дружат. Но, проблем и преставува немањето вода, велат тревата се суши па бадијала е нивната мака.

„Парк имаме но треба вода да се одржува паркот, имаме и чешма овде, ама велат ќе ја затвориле. Ние плаќаме за паркови, а сами си засадивме цвеќиња, трева“

Дополнителен проблем за овдешните жители се тополите страи со години, кои на посилен ветер удираат во зградите и можат да предизвикат поголема штета. Граѓаните велат реагирале но, за сечење на тополите им барале пари.

Директорот на ЈП Исар Трајче Здравков во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакна дека тие работат на повеќе локации во градот, за ѕредување на зелени и паркови површини. Конкретно за Сењак 4 тој кажа дека ќе разговара со жителите и ќе им излезе во пресрет на нивните барања.

Инаку повозрасните граѓани од овој дел од градот моментално имаат потреба од боја со која дополнително би го доуредиле просторот во кои секојдневно го минуваат своето време.

Лаура Стојанова М-Нет