Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево

Автопатот Охрид – Кичево се гради со предвидената динамика, објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Фејсбук.

Тој сподели фотографии од работниот состанок со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски оценувајќи дека се работи со силна динамика и се решаваат сложени инженерски проблеми.

– Силна координација и силна динамика на терен. Автопатот се гради со предвидената динамика и сите комплексни задачи се реализираат со постојана координација помеѓу Министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта и изведувачите. Ја градиме Македонија, стои во објавата на Николоски.

Текстот Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид – Кичево е превземен од МАКФАКС.