ЈП „Стипион“ и полицијата опоменуваа, улицата во штипско Ново Село не е паркинг простор

Обележан паркинг простор, но и знак за забрането запирање и паркирање. Просторот од мостот кај градската црква Свети Никола во Штип до новиот спортско рекреативен центар во штипско Ново Село не е наменет за паркинг простор. Улицата е двонасочна па нема место овде да се паркираат возила. Но, секојднавната пракса на терен покажува сосем друга слика. На овој потег ретко да се најде слободно паркинг место, пред се заради тоа што не се наплаќа. Денеска директорот на ЈП Стипион, Игор Ефтимов во соработка со сообраќајната полиција излегоа на терен. На сите паркирани возила им се поставуваа опомени дека просторот не е наменет за паркирање возила.

„На моја иницијатива сообраќајната полиција е на терен во Ново Село. На сите паркирани автомобили ќе им постават опомени бидејќи тој простор не е наменет за паркирање. Не сакавме веднаш да се служиме со казни затоа прво ќе опоменуваме, за граѓаните да научат дека не смеат да го паркираат возилото во овој дел од градот. Доколку ова не помогне ќе следуваат казни од полицијата и блокирање на возилата од наша страна“ – кажа во телефоснки разговор за М-Нет телевизија Ефтимов.

На прашањето зошто има обележано паркин простор, Ефтимов посочи дека е направено од претходна локална цласт, која предвидувала и овој простор да се наплаќа. Но, има поставено и знак кој јасно покажува дека забрането е запирање и паркирање. Граѓаните треба да го почитуваат тоа, со цел сообраќајот да се одвива непречено во овој дел од градот.

Лаура Стојанова М-Нет