
Шкендија обезбеди пласман во Третата македонска фудбалска лига – Север, а во Арачиново се слави големиот успех на клубот, кој не знае за пораз цела сезона.
Денес беше одигран првиот бараж натпревар меѓу Кул Здравје и Шкендија Арачиново кој гледачите на телевизија М Нет имаа ексклузивна можност во ЖИВО да го проследат преку директен пренос. Регуларниот дел на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари заврши со чисти мрежи (0:0).
Интересен натпревар, многу неизвесен и одличен фудбал за публиката, која го наполни стадионот до последното седиште. Интересот за овој натпревар беше огромен.
Изгледни шанси пропуштени и од двете страни за конечни 0:0 по 90 минути игра, па победикот се решаваше во пенал-лотаријата каде со 4:5 Шкендија од Арачиново стигна до третолигашки статут за следната сезона.
Прославата во Арачиново веќе започна и ќе се слави до доцна во ноќта, а утре ќе биде познат новиот третолигаш од бараж дуелот помеѓу Бутел и Пчиња 2015, натпревар кој исто така се игра на „Борис Трајковски“ во Маџари.
