Штипјани согласни – повеќе од потребно е да се врати евтината тарифа на струјата преку ден

Не е важно во кој дел од денот, важно е да се врати евтината тарифа на струјата преку денот, велат граѓаните на терен во Штип. Повеќе од потребно е барем два часа во текот на денот да има евтина струја со што ем ќе се заштеди, ем сметките за струја ќе бидат пониски. Граѓаните велат дека пологично би било евтина струја да има во период кога ќе може да ја користат и оние кои одат на работа, а не само пензионерите.
„Па да треба да се врати, мали пензии, мали плати. Треба да се врати тоа е многу паметна работа. Од 14 до 16 часот беше претходно, па може исто нека остане тој период, само да ја има“ – велат граѓаните.

Моментално струја се штеди со тоа што се готви или се уклучува машина за перење после 22 часот навечер, велат граѓаните. Некои од нив додаваат дека не готват на струја и на тој начин добиваат пониски сметки за електрична енергија.

„Сега после 22 часот секој така ја користи струјата за да може да опстани, оти онака многу се високи сметките за струја.“ – додаваат граѓаните.

Дневната евтина тарифа беше укината на 1 јануари 2022 година поради енергетската криза и растот на цената на електричната енергија на берзите, а истовремено беше и зголемена цената на струјата за 9,48 отсто. Евтина тарифа оттогаш се користи само во ноќните часови и во недела. Ама Беслимовски истакна дека евината тарифа ќе се врати само се уште се одредува кој период од денот ќе биде.

Лаура Стојанова М-Нет