ФОТО: Паркирани автомобили блокираат коловозна лента, честа слика во центарот на Штип


Во строгиот центар на Штип повторно може да се забележат непрописно паркирани автомобили и блокирање на коловозна лента. Како што се гледа на фотографиите, автомобилите се оставени на коловозната лента, иако на улицата се поставени столпчиња со цел да се спречи ваквото паркирање.
Инаку, во минатото на овој дел од улицата било дозволено паркирање, но по уредувањето и претворањето на улицата Ванчо Прке во пешачка зона, повеќе не е дозволено паркирање на возила.