Деновиве почнува орањето и сеидбата на нивите во Истокот, дождот и зелената нафта добредојдени за земјоделците

Деновиве се очекува да почне орањето на нивите, а веднаш потоа и сеидбата во источниот регион.  Дождот викедов е добредојден бидејќи ја натопи и омекна барут-сувата земја. Земјоделците велат дека без овој дожд, нивите и натаму ќе беа суви и немаше шанси да се ора, а камоли нешто да се посее. Сега, штом дождот престане, за три-четири дена, земјоделците со својата механизација влегуваат во нивите за да се фати последниот воз за сеидба.

,,Овој дожд сега е добредојден, застапен е низ целата држава. Кај нас овде во штипско, пробиштипско, Кочани имаме околу 35 литри наврнато во овие два дена, очекуваме дека и вечер и утре ќе врне дожд, што значи дека ќе паднат околу 50 литри оджд, кои што е добредојден и те како и ќе може после три до четири дена да се влезе и да се спремаат површините за сеидба. Па сега ноември, се уште не е емногу доцна, мегутоа веќе е време што поскору да се изора и посее.“, вели Серафимов

Кога е во прашање овој период од ланската година, серафимов Тврди оти површините веќе биле посеани, бидејќи како што рече дождот заврнал многу порано.

,,Па минатата година имаше порадно дожд, дури минатата година нивните речиси беа спремни после жетвата, но оваа година после жетвата не успеавме да ги изроаме, беше мнигу сушна годината, мегутоа овој дожд е добредојден и мислеме дека ќе стасаме на време.“, додава Серафимов

Освен дождот, на земјоделците добредојдена им дојде и исплатата на зелената нафта, со која ќе се растерети трошокот пред да влезат во нивите.

,,Да зелената нафта е стаса веќе секаде, поделена е. Значи дека и тоа е добредојдено во овој момент. Уште ни ја плагаат во пари, мегутоа ние бараме следната година да биде во литри поради скапијата.“, потенцираше Серафимов

Очекувањата на земјодецлите се дека по овој дожд, во најкус временски период површините ќе бидат изорани и веќе посеани. Инаку и од УХМР за М-нет телевизија посочија дека од петокот мината недела до утре, треба да наврнат вкупно 50 лтири дожд на метар квадратен.

Иван Митев, М-Нет