Утре во 12 часот на протест излегуваат родителите во Кочани

Утре, 15 мај 2021 година сабота, на протест излегуваат родителите, старатели, баби и дедовци кои се грижат за иднината на нивните деца ученици во Кочани. На плоштадот во градот протестот ќе биде организиран против предлогот на Министерството за образование и наука, за дигитализиација на учебниците. Тие бараат нивните дечиња да продолжат да ги користат печатените учебници, бидејќи тие се подобри за иднина на нивните деца. Сегашниот предлог на Министерството за образование и наука, и министерката Мила Царовска, е дигитализиација на учебниците, но според нив тоа би било само за учениците во четврто одделение. Секако присутни се и исклучоци за дечиња кои имаат потреба од печатени учебници, за оние кои немаат можност за дигитален пристап до учебниците меѓутоа, за тоа понатаму се одговорни самите училишта. Протести за утре има закажано и во неколку други градови во државата, со иста цел без вклучување на дискриминаторски однос, и без вмешување на политика, националност и слично. Родителите едноставно бараат да продолжат да се користат печатени учебници.

Лаура Стојанова М-Нет