
Прволигашката фудбалска сезона во недела ќе го има последното издание со одигрување на 33 првенствено коло во кое висат две големи дилеми. Првата е излез за толку посакуваната Европа а патот ќе го трасираат Струга Трим Лум која засега е трета со 54 бодови и ќе гостува во Кратово и Македонија Ѓорче Петров која е четврта со 52 бода а ќе се сретне со веќе отпишаниот Вардар. Во борбата за сигурен опстанок Академија Пандев која засега е сигурна на 8 место со 38 бодoви ќе го пречека веќе обезбедениот тим на Борец, додека пак Силекс е на 9 место со 36 бодови и ќе биде домакин на Струга ТЛ. Интересна ќе биде и ситуацијата за бараж натпреварите односно кој ќе биде противникот на Тиквеш од Кавадарци. Како и да е ќе биде пеколно жешко во ова последно коло и еве ги комплетните парови:
- А. Пандев – Борец
- Пелистер – Беласица
- Ренова – Работнички
- Шкендија – Шкупи
- Силекс – Струга ТЛ
- Вардар – Македонија ЃП
Сите натпревари ќе се одиграат во недела 16 мај 2021 г. со почеток во 16.00 ч. без присуство на публика.
Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk