
На военото стрелиште „Пенуш“ ќе се одржи боево гаѓање со лично и формациско вооружување на 18.06.2026 година . Активноста ќе се реализира во периодот од 08:00 до 16:00 часот од страна на полициски службеници од СВР-Штип. Се замолуваат граѓаните на општина Штип и жителите на околните населени места да не се движат во и околу стрелиштето во наведениот период.
„Почитувани, Ве извстуваме дека Секторот за внатрешни работи-Штип ги известува граѓаните на општина Штип дека согласно годишната програма на МВР на Р.С.Македониjа и СВР-Штип, од страна на полициски службеници од ПС ОН-Штип(Полициска станца за општа надлежност), ПС за БПС Штип(Полициска станица- биро за јацна безбедност Штип) и останатите организациони единици со седиште во СВР-Штип на ден 18.06.2026 година во времето од 08:00 часот до 16:00 часот на военото стрелиште на АРСМ(Армија на Република Северна Македонија) „Пенуш, ке биде изведено боево гаѓање со лично и формациско вооружување. Се известуваат граѓаните на општина Штип и околните населени места кои гравитираат околу военото стрелиште „Пенуш, дека на ден 18.06.2026 година во времето од 08:00 часот до 16:00 часот да не се движат во и околу военото стрелиште „Пенуш, од безбедоносни причини. Известувањето Ви го доставуваме заради благовремено известување на јавноста како не би дошло до вознемируване на месното население.“
Од СВР Штип апелираат до граѓаните да ги почитуваат препораките и предупредувањата на надлежните служби. Децидни се тие дека известувањето се објавува со цел навремено информирање на јавноста и спречување на евентуално вознемирување кај населението.
Дајана Сандева, М-Нет