
Протест и блокада најавија сточарите од истокот, доколку немаат состанок во владата за 48 часа . Револтирани тврдат оти брутално е намалена откупната цена на млекото за цели 30 проценти. Како што тврдат од Здружението на одгледувачи на говеда „СИМЕНТАЛ“ Делчево, во овие услови со намалена откупна цена, кога дополнително 16 месеци им доцнат субвенциите, фармерите остануваат разочарани, со единственото решение да ги затворат своите штали. Претставникот на здружението Горан Вучковски, наведува дека проблемот е во нефункционирањето на системот и неспроведувањето на законите, иако тие постојат.
,,Јас ги проверив фактите кои не доведоа до оваа состојба, а тоа е не реагирањето на системот. Пак да повторам, јас немам ништо против млекарите, ниту пак против институциите, ни инспекторите ниту владата. Системот не ни функционира, ние имаме прекрасни закони, меѓутоа никој не ги применува. Се испостави дека фармерите од од овие две млекари, немаат договори 20 години, 19 години соработуваат со нив немаат догвори за откуп на млеко, на штои тие да веруваат. Сега, после притисоци од власта еве им продолжиле до први ќе ви го зимаме, што ќе се случи после први?
Зошто во оваа недела дена не добија договри тие да потпишат?”, вели Вучковски
Во рамки на законот, Вучковски вели дека се планираат да излезат на протест и да го изразат своето незадоволство. Дополнително вели, ќе подаруваат дури бесплатно млеко.
,,Согласно фармете, ние планираме да во рамки на законот да го изразиме нашето незадоволство, преку блокади на патот, бесплатно делење на млекото. Бесплатно ќе го даваме.”, додава Вучковски
Како што и денеска потецираа од здружението Симентал, оваа евтина козметика нема да помине. Бараат итен состанок на Владата во рок од 48 часа. Доколку не се седне на маса и не се прекине овој економски масакр, тие потврдија дека излегуваат на масовни протести, со што ќе ги блокираат патиштата.
Иван Митев, М-Нет