Улицата „Шукри Шаин“ во Кочани постојано под вода, дефект на цевка проблем за нив

„Погледнете дали ова наликува на улица во 21 век„ -Граѓани од улицата „Шукри Шаин“ во Кочани реагираат на проблем со кои се соочуваат со веќе втора година по ред. Велат уште во 2021 година пукна цевка и по тесното сокаче по кое не минуваат возила постојано тече вода. Сега кога температурите надор се минусни, водата мрзне па тие стравуваат за сопствената безбедност. Доплнителен проблем кој се јавува од постојаната вода по улицата е влагата која се појавува во нивните домови. Велат дека надлежните имале обид да го санираат дефектот, но санацијата траела само 24 часа за повторно да почне да тече и до ден денеска веќе втора година по ред водата се нема исушено од улицита. Апелираат до надлежните да излезат на терен, да преземат одговорност и да го решат проблемот на улцата „Шукри Шаин“.

За каков дефект станува збор и зошто водата постојано тече по улицата прашавме во КЈП Водовод Кочани. Од таму во телефонски разговор за М-Нет телевизија истакнаа дека системски е направено надвор од контрола на стручните служби од Водовод. Тоа значи дека цевките се плитко поставени, од страна на тамошните граѓани и заради тоа потојано доаѓа до дефект и ситуација како сегашната. Од Водовод ветија дека веќе во понеделник ќе излезат на терен и ќе реагираат во решавање на проблемот.

Инаку, пред одреден временски период КЈП Водовод имаше активности на терен и се променија 15 приклучоци на улицата Шукри Шаин, со што комплетно се реши проблемот со дефектите во водоводната линија.

Лаура Стојанова М-Нет