Полицијата уапси 28-годишен Норвежанец во касарната „Илинден“. Тој рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал во касарната.
Според информациите на МВР, вчера во 15:30 часот во касарна „Илинден“ во Скопје, полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – „неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства“.
Тој е задржан во Полициската станица Карпош, при што изјавил дека, следејќи координати на мапа, случајно влегол во кругот на касарната.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.
Текстот Уапсен Норвежанец во касарната „Илинден“, рекол дека следел координати на мапа и случајно залутал е превземен од МАКФАКС.